Нови тензии во Нагорно Карабах

Ерменија и Азербејџан разменија оган по зголемените тензии околку спорниот регион Нагорно Карабах. Ниту двете страни не јавија за повредени при нападите кои се случиле рано утрината во северните делови на таканаречената „линија на контрола“. Спорадичните напади се редовни во Нагорно Карбах, но на почетокот на месецот двете земји речиси дојдоа до степен на војна по повеќе од две децении откако трае спорот.

Планинскиот регион Нагорно Карабах се наоѓа во Азербејџан, но беше заземен од ерменските сили на почетокот на деведесетите години на минатиот век, при што повеќе од 30 илјади луѓе загинаа, а илјадници беа раселени пред примирјето во 1994 година.