Столтенберг: Русија задржа значително воено присуство во Сирија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Русија задржаила „значително“ воено присуство во Сирија, во знак на поддршка на режимот на претседателот Башар ал – Асад. Столтенберг зборуваше на заедничка прес – конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во Анкара. На 14 март, рускиот претседател Владимир Путин нареди „главниот дел“ на руските сили да се повлечат од Сирија, за помалку од шест месеци од почетокот на воздушната кампања во земјата. Столтенберг исто така изјави дека значително е намален и бројот на мигранти кои го поминуваат Егејското Море од Турција во Европа.