Судири, материјална штета, повредени и приведени по протестите

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Демонстранти кои од пред Собранието се обидуваа да го продолжат протестот кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откако ја демолираа Канцеларијата на претседателот Иванов во центарот на Скопје, продолжија кон Министерството за правда, каде што ги искршија прозорците. Специјалците со употреба на сила ја растурија толпата. Полицијата удираше и по демонстрантите, а повреден е и еден новинар. Претходно пред Собранието демонстранти се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон и тие фрлаат лименки, петарди, вода и пластични шишиња кон полицијата.