Референдум во Холандија за договорот меѓу ЕУ и Украина

Гласачите во Холандија гласаа на референдумот на 6 април за тоа дали да го поддржат или отфрлат договорот на ЕУ за продлабочување на економските и политичките врски со Украина. Гласачките места ширум земјата отворија во 7 и 30 часот по локално време за тоа дали Владата треба да го ратификува Договорот за стабилизација и асоцијација на ЕУ со Украина. Гласањето не е обврзувачко, а другите 27 членки на ЕУ веќе го ратификуваа договорот. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека мнозинството од гласачите на референдумот ќе гласаат со „не“. Таквиот резултат, освен во Киев и во Брисел, ќе се почувствува и во Москва, во Лондон и пошироко. Тоа секако ќе биде удар за Украина чие население плати висока цена за барањето на поблиски врски со ЕУ.