ММФ: далеку сме од нов договор со Грција

Кристин Легард

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Легард оцени дека ММФ и Грција се на „голема дистанца“ од постигнување нов договор за финансиска помош на Атина. Таа во писмото до грчкиот премиер Алексис Ципрас наведува дека ММФ може да поддржува само програма која би била базирана врз реални претпоставки. Легард ги отфрли обвинувањата дека ММФ је користела кризата во Грција за да ја присили да спроведе радикални реформи. Претходно ММФ соопшти дека нема да и даде трет пакет финансиска помош доколку Грција не докаже дека спроведува реформи.