Ердоган - Европа прво да го гледа своето однесување кон мигрантите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Европа прво треба да го погледне сопственото однесување кон бегалците, а потоа да ѝ сугерира на Турција што да прави, пренесува БТА. Тој додаде дека Анкара ќе ги слуша критиките на Европа за правата, само кога тие ќе бидат коректни.

Пред новинарите Ердоган нагласи дека Европа „танцува по минско поле“, со тоа што директно или индиректно ги поддржува терористичките групи. Според зборовите на турскиот претседател, Европа дејствува „нечесно“ и „неискрено“ во односот со овие организации. Според него, различни терористички групи во Турција се обединиле против државата.