Припадници на Секторот за вонредни состојби на Србија досега од подрачјата зафатени со поплави евакуираа 171 лице, јави Танјуг. Како што соопшти српско Министерство за внатрешни работи, евакуирани се луѓе од териториите на општините Шабац, Прибој, Горњи Милановац, Чачак, Лучани, Нови Пазар, Ужице и Краљево.За соочување со последиците од поплавите, заедно со припадниците на Министерството, се ангажирани и пожарникари, спасувачи и специјалната единица за спасување од вода со комплетна опрема, се додава во соопштението.