На денешното судско рочиште за случајот „Диво Насеље“ пред Судот, покрај жители од кумановската населба, сведочеа полицаец и командир од полициската станица „Пелинце“. Сведоците беа предложени од страна на обвинителството.
Во случајот „Диво Насеље“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и 10 мај во Куманово. Во престрелката загинаа осум полицајци, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Судскиот процес продолжува на 10 март со сослушување на нови сведоци.