Доналд Трамп и Хилари Клинтон го задржаа статусот на фаворити во последната рунда на гласање за номинациите на Републиканската и Демократската партија за престојните претседателски избори во САД. Трамп на внатрепартиските избори победи во Луизијана и Кентаки, но сенаторот Тед Круз извојува победа во Мејн и Канзас. Другите двајца републикански кандидати остварија мал напредок. Кај демократите, Клинтон победи во Луизијана, додека Берни Сандерс беше подобар во Канзас и Небраска.