Крстот ќе се гради, протести пред МВР

Владата денеска ги демантираше информациите дека синоќа била одржана седница на која била поништена одлуката на општина Бутел за изградба на крстот. Според Владата, како што е наведено во соопштението тоа е тотално неточно и невистинито. Во меѓувреме Светскиот македонски конгрес повика денеска на мирни протести пред МВР, кои ги поддржа и владејачката партија ВМРО ДПМНЕ.