Просечната плата речиси го достигна нивото од 2009 година

Просечната нето плата исплатена во декември минатата година речиси го достигна нивото на просечната плата исплатена во декември 2009 година. Податоците на државниот завод за статистика покажуваат дека реалната плата во изминативе шест години е намалена за половина процент. Реалната плата го покажува односот помеѓу парите и трошоците за живот.

Номиналната плата, пак, во изминативе шест години пораснала за речиси 11 проценти, односно од 20,483 денари во декември 2009 година пораснала на 22.715 денари во декември 2015 година, но и покрај покачувањето со платата може да се купи истата количина производи како и пред шест години.

Реалната плата се намалуваше во 2011, 2012 и 2013 година, додека во последните две години расте.