Уставен суд се прогласи ненадлежен за распуштањето на Собранието

Уставниот суд на денешната седница ги отфрли иницијативите на претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов и на Тодор Петров за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија. Судот, како што појаснуваат оттаму, не навлегува во тоа дали Одлуката е уставна или не, не ја анализира од уставен аспект, сметајќи дека таа се однесува на конкретно Собрание, а не на собранија воопшто како институции на државен органи и од тие причини ги отфрлени иницијативите. Судот не влезе во мериторно одлучување за Одлуката, бидејќи не е надлежен за оценка на уставноста на конкретни и поединечни акти. Собранието на 18 јануари донесе одлука да се самораспушти, но со важност од 24 февруари 2016 година.