Пломп – Реакциите на интервјуто со Заев ја докажуваат важноста на медиумите

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп вели дека огромниот број на реакции по синоќешното интервју ја докажува уште еднаш важноста на медиумите за демократските процеси во државата и нивното значење за граѓаните.

„Содржината на програмата треба да биде оценета од телото за саморегулација на медиумите и од државното регулаторно тело, односно Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, имајќи предвид дека – според македонското законодавство – телевизиските станици треба да обезбедат еднаков третман на различните гледишта и ставови. Ова е и една од причините поради која е значајно утрешното потпишување на Спогодбата за етичко известување и искрено се надевам дека повеќето медиуми ќе и се приклучат“, вели во писмената изјава амбасадорот Пломп.