Грчките земјоделци продолжуваат со блокадите на границите

Архивска фотографија

Грчките земјоделци денеска ќе ја блокираат грчко-македонската граница кај Евзони од 12 до 14 часот и од 19 до 21 часот, јави дописникот на МИА од Атина. Според грчката државна агенција АНА-МПА, граничниот премин кај Дојран ќе биде затворен од 17 до 21 часот по македонско време. Граничниот премин Ники (Меџитлија), како што беше претходно јавено, денеска е затворен од 10 до 22 часот.

Преминот Промахонас на грчко-бугарската граница во моментов е отворен, а повторно ќе биде блокиран во 14 часот, па сè до 9 часотутре. Преминот Ексохи на грчко-бугарската граница бил отворен доцна синоќа, но денеска од 10 часот повторно е затворен.

Грчките земјоделци протестираат против новите пензиски реформи. Премиерот Алексис Ципрас рече дека е подготвен да разговара со нив.