Американскиот републикански сенатор Роџер Викер побара од државниот секретар Џон Кери да преземе акција како одговор на, како што се наведува во неговото писмо, „влошената корупција во Босна и Херцеговина“. Тој оценува дека оваа појава ја парализира европската интеграција на таа земја. Сараево во минатата недела најави дека на 15 овој месец официјално ќе аплицира за членство во Европската унија.