Американски брод ја напушти областа на ирански воени вежби

Иранската морнарица предупредила американски воен брод да ја напушти областа во Оманското Море каде што Иран спроведува поморски воени вежби, јавуваат тамошните медиуми. Шефот на иранската морнарица, адмирал Хабибула Сајари изјавил дека американскиот воен брод добил две предупредувања пред да ја напушти областа. Иран денеска ги почна вежбите во близина на Ормутскиот Теснец преку кој поминува една петтина од светското снабдување со нафта. Засега нема реакција од Вашингтон. Пред две недели, 10 американски мормари беа кратко приведени од иранските сили откако нивниот брод по грешка влегол во ирански територијални води.