Седум повредени во експлозија на плинска боца во Прилеп

Седум луѓе се повредени, од кои еден пожарникар, синоќа по експлозија на плинска боца во зграда во Прилеп. Во пожарот што настанал по експлозијата на боцата се опожарени шест станови. Според сведочењето на еден од станарите Никола Чеврески, се почнало во неговиот стан кога плинската греалка се запалила. Огнот ги зафатил и околните станови.

Двајца потешко повредени се примени на хируршкото оддление, а другите станари од зградата кои вдишале чад, се хоспитализирани на интерното одделение.