Рускиот новинар Дмитриј Шипилов доби политички азил во Украина

Рускиот новинар Дмитриј Шипилов од регионот Кемерово во Сибир доби политички азил во Украина. Тој денеска објави дека процесoт е завршен и им се заблагодари на сите. Шипилов пристигна во Украина во февруари 2014 и побара политички азил. Тој беше осуден на 11 месеци служба за заедницата во 2012, откако беше обвинет дека го навредил гувернерот на Камерово, кој е на чело на регионот од 1997. Откако одби да врши општокорисна работа во 2014 беше уапсен и три месеци помина во затвор. Во 2014 година, Шипилов беше под притисок поради интервју со сибирскиот активист Артјом Лоскутов, организатор на марш за федерализација на Сибир, сакајќи да се исмее со руските барања за федерализација на Украина.
Маршот беше забранет од страна на властите и никогаш не се одржа.