Британска амбасада - Со консензус до веродостојни избори

Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Герет.

Треба да се заврши уште многу работа за веродостојни избори, особено во однос на гласачкиот список, балансирано медиумско покривање и еднаков пристап до медиумите, реагира денеска британската амбасада во Скопје по изборот на нова влада и најавата за избори на 24 април.

„Досегашниот напредок се засноваше на договор помеѓу четирите главни партии. Доколку се работи на изнаоѓање решение за продолжената и неповолна политичка криза, преостанатите прашања исто така треба да се решат со консензус – и на начин со кој сите партии ќе се вклучат во изборите и ќе го прифатат резултатот како волја на македонската јавност“, стои во соопштението на британската амбасада.