Заврши една заложничка драма во Буркина Фасо

Ослободени се речиси 130 заложници во хотелот во Уагадугу, Буркина Фасо, со што заврши една заложничка драма. Полицијата соопшти дека го имаат под своја контрола хотелот и дека во акцијата се убиени тројца терористи. Светските новински агенции јавуваат за околу 20 загинати при жестоката престрелка на безбедносните сили со терористите.

Во меѓувреме Министерството за внатрешни работи, информираше декасега е нападнат втор хотел идека таму операцијата на безбедносните сили е сѐ уште во тек.

Одговорност за нападот презеде крило на терористичката организација Ал Каеда.