ВМРО ДПМНЕ-Димитриев ќе ја предводи преодната Влада

Емил Димитриев

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски на вечерашната прес конференција изјави дека Централниот комитет на партијата вечерва донел едногласна одлука на чело на преодната влада која што треба да ги организира изборите да застане генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Емил Димитриев. Тој воедно нагласи и дека комитетот му дал целосна поддршка на претседателот на партијата Никола Груевски за постапките кои ги преземал. Според него, владејачката партија и на следните избори ќе настапи со Груевски.

„Нашата намера е да го затвориме овој деструктивен период и да се фокусираме на она што е приоритет на граѓаните. Во согласност со законите, премиерот на актуелната влада поднесува оставка 100 дена пред изборите“, рече Димовски.

На прашањето доколку опозицијата побара одложување на изборите, Димовски одговори дека се надева оти „кај СДСМ ќе надвладее разумот“.