Украина соопшти дека за прв пат ќе почне да извезува стоки за Казахстан по морски пат, заобиколувајќи ја Русија, поради трговското ембарго што Москва ѝ го наметна на Украина. Русија овој месец воведе нови санкции против Украина. Експерименталните испораки, преку Грузија и Азербејџан, ќе бидат испорачани во Казахстан на 15 јануари.