Бан Ки Мун побара поактивна борба против екстремизмот

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун ги повика 193 земји членки на оваа организација да развијат национални планови за дејствување и спречување на ширењето на насилниот екстремизам. Тој во извештајот до Генералното собрание наведува дека најголема закана е брзото ширење на екстремистичките идеологии на што му помага и технолошката револуција. Бан Ки Мун оценува дека националните планови треба да бидат насочени кон унапредување на дијалогот, намалување на недовербата, инвестирање во образованието и отворање работни места.