Четири жртви во судирите во Турција

Двајца турски граѓани, еден војник и еден полицаец се убиени во последните судири меѓу курдските бунтовници и турските сили во југоисточниот дел на земјата. Турската војска денеска соопшти дека од почетокот на операцијата на 14 декември, во градовите Силопи и Џизре биле убиени 225 курдски борци.