Турција има намера во СТО да се жали на руските санкции

Турција има намера да поднесе жалба во Светската трговска организација и во меѓународните судови против економските санкции на Руската федерација, изјави вчера турскиот министер за економија Мустафа Елиташ.

Министерот посочи дека во многу руски мали градови се врши невиден притисок врз турските компании да ги префлат своите удели кај своите руски партнери.

Кризата во односите меѓу Москва и Анкара се појави заради инцидентот од 24 ноември, кога турски ловци соборија руски бомбардер „Су-24“ во реонот на границата со Сирија. Анкара тврди дека рускиот авион го нарушил нејзиниот воздушен простор, а руското Министерство за одбрана сето тоа го негира. Како резултат на инцидентот Русија на Турција и наметна серија економски санкции.