Холандија претседава со Советот на ЕУ

Холандија денеска го презема претседавањето со Советот на Европската унија од Луксембург. Холандското претседателство ќе биде првиот мандат на новата претседавачка тројка, во која влегуваат уште Словачка и Малта. Ова е дванаесетти пат Холандија да претседава со ЕУ како и уште петте земји кои се основачи на ЕУ, Германија, Белгија, Луксембург, Франција и Италија кои досега исто така по 12 пати ја воделе ЕУ. На 30 јуни претседавањето ќе го преземат Словачка и Малта. Овие три држави ќе соработуваат до јуни 2017 година со цел да ја спроведат својата 18-месечна програма, која меѓу другото подразбира и отворање нови работни места, раст и конкурентност, воспоставување енергетска унија и климатска политика насочена кон иднината, јакнење на слободата, безбедноста и правдата.Хаг ветува исто така дека во текот на наредните шест месеци ќе го подобри приемот на бегалците и создавање на “заедничка политика за границите, азилот и миграциите”.