Картер во ненајавена посета на Авганистан

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер е во ненајавена посета на Авганистан каде ќе оствари средба со претставниците на американските сили и властите од земјата. Неговата посета доаѓа во време кога Авганистан се соочува со зачестени напади на талибанците и со голем број на жртви.

Во извештај на Конгресот во минатата недела беше наведено дека нападите во главниот авганистански град Кабул се зголемени за 27 отсто од почетокот на годината до средината на ноември споредено со истиот период во минатата година.