Почина Слободан Чашуле

Слободан Чашуле

По кусо боледување синоќа на 70 годишна возраст во Мадрид, почина Слободан Чашуле, новинар, политичар, амбасадор, министер за надворешни работи на Македонија во периодот 2001-2002 година. Чашуле е роден во Скопје на 27 септември 1945 година. Слободан Чашуле беше еден од основачите на ТВ Скопје, дописник на ТВ Скопје во Чиле и Перу, дописник за Танјуг во Латинска Америка и Карибите, главен уредник на Танјуг во Македонија. Од 1990-1994 е директор и главен уредник на Македонското радио, потоа генерален директор на „Нова Македонија“. Во 2002 година избран е за пратеник во македонското Собрание.