Рускиот претседател Владимир Путин го нарече соборувањето на рускиот борбен авион од страна на Турција непријателски акт. Според него, практично е невозможно Русија да постигне било каков договор со турската власт. Говорејќи на годишната прес конференција, Путин изјави и дека турскиот народ и нација ќе и останат пријатели и партнери на Русија додека актуелната власт од земјата им забила нож во грб. Тој истакна и дека Москва ќе продолжи со санкциите против Турција.