Јанева презема 34 предмети, меѓу кои и Пуч

Дванаесетте јавни обвинители кои го сочинуваат тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Специјалното јавно обвинителство воспостави стварна надлежност над 34 предмети, вклучително и на предметот „Пуч“, соопшти денеска јавниот обвинител Ленче Ристоска. Според соопштението, 16 предмети се однесуваат на изборни нерегуларности. Од Специјалното јавно обвинителство најавуваат и дека за предметите „Монструм“, „Диво Насеље“ и „Ровер“ ќе се произнесат дополнително, откако ќе бидат прибавени материјалите од незаконски следените комуникации и ќе се пристапи кон нивно преслушување и анализа.

Во текот на денешниот ден, Специјалното јавно обвинителство побарало од лидерот на СДСМ доставување на материјалите од незаконски следените комуникации, кои ги поседуваат и за кои изразиле подготвеност дека ќе ги достават на нивно барање.