Парадата на Гордоста во Црна Гора помина мирно

Во Црна Гора денеска во мирна атмосфера се оддржа Парадата на гордоста. Неколку стотини претставници на ЛГБТ заедницата го привлекоа вниманието на јавноста со пораката дека „илјадници луѓе со поинаква сексуална ориентација во Црна Гора живеат во страв. “

Парадата помина со силно полицискo обезбедување и неколкучасовно затворање на улиците во центарот на Подгорица за сообраќај. Заедно со демонстрантите во маршот се приклучија и министерот Суад Нумановиќ, градоначалникот на Подгорица Славољуб Стијеповиќ, како и политичари од владејачката партија и од опозицијата. Маршот беше поддржан и од претставници на меѓународната заедница.