Повредени 22 лица во бомбашки напад во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека во напад на бомбаш самоубиец во источната покраина Нангахар биле повредени 22 лица, меѓу кои и шест полицајци. Според властите, бомбашот самоубиец се обидел со автомобил да влезе во седиштето на полицијата, но го активирал експлозивот пред влезот на зградата. Во нападот биле оштетени и џамија и неколку продавници во близина на полицијата. Се уште никој не презема одговорност за нападот.