САД со 24 милиони долари помош за бегалците

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери за време на посетата на Атина изјави денеска дека САД ќе издвојат 24 милиони долари за бегалците во Европа со цел да помогне при нивното згрижување во текот на зимата. Помошта, како што наведе ќе биде доставена до УНХЦР. Со парите ќе бидат обезбедени храна, вода и сместување на бегалците. Според Кери, тоа на владите ќе им помогне да ги регистрираат и ги проверат бегалците кога ќе стигнуват во Европа.