Мирна состојбата на македонско грчката граница

Грките безбедносни сили се обидуваат да ги контролираат бегалците и мигрантите кои од граничниот премин Идомени се обидуваат да влезат на македонска територија. Според наши извори на границата, бројката на мигранти и бегалци утрината била двојно поголема од капацитетот на прифатниот камп на Идомени, кој може да прими околу 2500 лица.

На македонско грчката граница се пропуштаат само бегалци кои доаѓаат од земјите зафатени со војна, како Авганистан, Ирак и Сирија. Македонските безбедносни сили не им дозволуваат влез во земјата на економските мигранти. Синоќа поголемиот дел од бегалците и мигрантите ноќта ја поминале под отворено небо.