САД ќе испратат околу 100 војници во Ирак

Американскиот полковник Стив Ворен

Американскиот полковник Стив Ворен изјави денеска дека бројката на дополнителни војници кои ќе ги испрати неговата земја во Ирак ќе изнесува околу сто. Ворен нагласи и дека тоа ќе биде голема поддршка за силите во земјата, а бројот на војската која ќе учествува во офанзивни операции е мала, односно двоцифрена. Американскиот секретар за одбрана Еш Картер го најави распоредувањето на силите на денешното сослушување пред Конгресот.