Штајнмаер: согласност за Црна Гора во НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека членките на НАТО постигнале консензус Црна Гора да биде поканета во Алијансата. „Црна Гора може да биде охрабрена од расправата на која ќе се решава за поканата за членство“, ја пренесува Телевизија Црна Гора изјавата на Штајнмаер. Одлуката на министерскиот совет на НАТО за Црна Гора кој вчера почна во Брисел, како што е најавено, ќе ја соопшти генералниот секретар Јенс Столтенберг на денешната прес конференција.