Медиуми бараат прекинување на преговорите по изјавата на Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Телевизиите Канал 5, Сител, Алфа, МРТВ и весникот Дневник денеска побараа средба со амбасадорите кои учествуваат во преговарачкиот процес. Уредниците на медиумите побараа и прекин на преговорите за медиумите се додека раководството на СДСМ ја извршува оваа функција. Нивата реакција доаѓа по изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој ги нарече овие медиуми најголеми политички противници.

Во дописот испратен до медиумите потпишани се главните и одговорни уредници на телевизиите Канал 5, Лидија Богатинова, на Сител Драган Павловиќ и на Алфа Коле Чашуле, на весникот „Дневник“ Дарко Јаневски и уредникот на првиот програмски сервис на МРТВ Диме Ратајковски.