Претседателот Ѓорге Иванов изјави денеска дека по остварените средби на маргините на самитот за климатски промени во Париз, Македонија добила комплименти за начинот на справување со мигрантската и бегалската криза. Според него, Македонија е една од ретките земји која успешно се справува со овој предизвик. Освен за предизвиците со мигрантската и бегалската криза Иванов со светските лидери разговарал и за македонската евроатлантска интеграција и состојбите во регионот.