НАТО в среда ќе одлучува за Црна Гора

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Црногорската национална телевизија јави денеска дека одлуката за покана на земјата да се приклучи во НАТО ќе биде донесена в среда. Според медиумот, информација денеска ќе ја потврди и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Телевизијата повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел тврди дека одлуката ќе биде позитивна.