Еден од осомничените за нападите во Париз бил регистриран на Прешево

Српското министерство за внатрешни работи соопшти дека носителот на сириски пасош, кој бил најден до телото на еден од напаѓачите пред стадионот Стад Де Франс во Париз, „на 7 октомври оваа година бил регистриран на граничниот премин Прешево на македонско-српската граница, каде официјално побарал азил.“ Грчкате власти потврдиле дека документот за патување преку островот Лезбос бил издаден на 3 октомври.

Ова е информација која е дел од проширената истрага во Европа по терористичките напади во Париз што се случија на 13 ноември. Француските истражители идентификувале еден од напаѓачите кои во Париз убија најмалку 129 луѓе и повредија повеќе од 350, од кои 99 се во критична состојба. 29-годишниот Омар Исмаил Мостефаи бил идентификуван од отсечен прст пронајден на местото на еден од нападите. Шест лица блиски до Мостефаи биле притворени, вклучително неговиот татко, брат и жената на неговиот брат.

Координираните напади на 13 ноември погодија шест различни локации во францускиот главен град, вклучително концтерна сала, стадион, ресторани и барови.

Обвинителите велат дека биле убиени седум тешко вооружени напаѓачи кои носеле појаси со експлозив. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападите, кои се однесуваат на француските воздушни напади во Сирија и во Ирак.

Парискиот обвинител Франсоа Молинс вчера рече дека три координирани тимови на терористите веројатно се одговорни за „овој варварски акт“. Истрагата се прошири низ Европа: белгиската полиција уапси три лица осомничени за врски со париските напади. Германската полиција соопшти дека маж бил уапсен во Баварија, кој истот така бил поврзан со нападите.