Лекарска комора го осуди инцидентот на Клиничкиот центар

Претседателот на Лекарската комора, Кочо Чакалароски денеска го осуди инцидентот при кој од огнено оружје беше повреден еден лекар од Одделението за дигестивна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ . Тој чинот го нарече израз на краен примитивизам. Според него, во последните неколку години се зачестени нападите на здравствените работници при што 1500 доктори биле или изложени на навреди или им се заканувале или пак биле физички нападнати.