Временска прогноза - облачно, но топло

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Попладне во северните делови ќе има умерено наоблачување, а долж Повардарјето поизразен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од 15 до 22 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 18 степени.

Од утре, понеделник, под влијание на потопла воздушна маса во пораст ќе бидат и дневните температури.