Хаменеи-САД би го уништиле Иран

Иранскиот врховен лидер, Ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен лидер, Ајатолахот Али Хаменеи изјави денеска дека слогоанот „Смрт за Америка“ не е насочен против американскиот народ, туку против политиката и ароганцијата на земјата. Хаменеи порача и дека САД нема да се двоумат доколку добијат шанса да го уништат Иран.

Утре во Иран се одбележува денот кога во 1979 беше заземена американската амбасада во Техеран од страна на радикални исламистички студенти што доведе до прекин на дипломатските односи меѓу двете земjи. Вчера повеќето од иранските законодавци соопштија дека земјата не е целосно подготвена да ја прекине употребата на слоганот и покрај постигнувањето на нуклеарен договор со САД и други пет светски сили.