Кери: демократијата, услов за стабилност во Централна Азија

Американскиот државен секретар Џон Кери им порача на владите на земјите од Централна Азија дека напредокот кон демократијата ќе ја подобри безбедноста и стабилноста во регионот. Кери е на турнеја по неколку земји од поранешниот Советски сојуз каде што доминираат авторитарни лидери. На состанокот во Самарканд со шефовите на дипломатиите на Узбекистан Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Туркменистан Кери изјави дека само демократски влади носат напредок. Американскиот државен секретар се сретна и со претседателот на Узбекистан Ислам Каримов.