САД со нов буџет за наредните две години

Џон Бенер

Американскиот Сенат го изгласа договорот за две годишен буџет со што се избегнува можноста за евентуални проблеми при финансирањето на владата. Претходно овој договор беше усвоен од Претставничкиот дом и сега треба да го потпише претседателот Барак Обама. Со новиот договор се зголемува буџетската потрошувачка за 80 милијарди долари. Договорот беше постигнат во двенеделните преговори меѓу Белата куќа и тогашниот спикер на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бенер. Тој се повлече од функцијата откако вчера на негово место беше избран републиканецот Пол Рајан.