Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денеска дека неговата земја се покажала како пријателски настроена кон Русија кога одбила да спроведе санкции против неа и ветила дека ќе продолжи со таквата политика. Тој по средбата со рускиот премиер Дмитри Медведев во Москва порача и дека Србија ќе и остане пријател на Русија од рационални причини.
Според него, Србија е блиску до склучување договор со Газпром за проширување на складирањето гас до една милијарда кубни метри. Вучиќ го поканил и Медведев да го посети Белград во наредната година.