Украина и Русија ги прекинаа директните летови

Директните летови меѓу Украина и Русија од вчера во целост се прекинати. Одлуката била донесена по влошувањето на односите меѓу двете земји поради судирите меѓу проруските бунтовници и украинските сили за безбедност на истокот на земјата. Околу 100 илјади патници секој месец патуваа на релацијата Киев Москва и обратно.