Иванов-Партиите да го почитуваат договореното

Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов коментирајќи ги последните случувања поврзани со политичката криза изјави денеска дека обврска на политичките лидери е да го спроведат договорот од Пржино и роковите што ги поставиле да ги почитуваат. Според него,одминува времето и со тоа се усложнува состојбата. Тој порачува дека кризата предлого трае и навистина секој треба да биде одговорен и да ја сноси својата одговорност, затоа што решенијата се одлoжуваат. Иванов при посета на прифатниот центар за мигранти во Гевгелија нагласи и дека трпението на населението е при крај.