ЕУ и Косово ќе потпишат Договор за стабилизација и асоцијација

Европската унија и Косово се очекува наредната недела да го потпишат Договорот за стабилизација и асоцијација, соопштија официјални извори во Брисел. Во јули минатата година година Косово ги заврши преговорите со ЕУ за договорот, кој е прв чекор на патот кон евентуално членство на земјата во Унијата. Договорот ќе стапи во сила следната година.