СДСМ: Заев во Израел имаше и средби надвор од агендата

Претседателот на СДСМ Зоран Заев за време на посетата на Израел беше примен на највисоко државно ниво, се вели во соопштението на СДСМ.

„Претседателот Заев во Израел имаше успешни средби по планирана агенда и бројни дополнителни средби надвор од договорената агенда, за што известија и медиумите“, стои меѓу другото во реакцијата на СДСМ.

Претходно, израелскиот амбасадор во земјава Дан Ориан изјави дека колку што му е нему познато, Заев не се сретнал со заменик шефот на Мосад и оти таква средба не била ниту планирана.